Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Oсмани во посета на БиХ, војната во Украина и нејзиното влијание врз регионот меѓу главните теми

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска (15. април) ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина.

Како што информираат од МНР, главни теми на разговор на средбата со заменик-претседателката на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу Северна Македонија и БиХ и можностите за натамошно надградување на соработката во интерес на двете држави.

„Посебен интерес ќе биде посветен и на процесот на интеграцијата во Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и војната во Украина и нејзиното влијание врз нашиот регион и пошироко“, се наведува во соопштението.

Се очекува Османи да биде примен и во Претседателството на Босна и Херцеговина.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК