Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тасевска: Преку дијалог до решенија, СОНК да се врати на разговорите, прекин на наставата не е добро за децата

До решенија е можно да се дојде само преку дијалог, без било какви уцени. Разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците. Правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование, истакна на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Од партијата апелираат СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од интересите на учениците кои се иднината на нашата држава.

Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на образовниот процес или на продолжување на учебната година.

Како што истакна Тасевска, прекинот на наставата ќе го наруши наставниот процес, ќе доведе до работни саботи или пролонгирање на учебната година и пократок летен распуст затоа што програмата на часови мора да биде остварена.

Исто така тоа негативно ќе се одрази и на уписите, на полагањето државна матура, но и на полагањето стручен испит за околу петстотини наставници.

Тоа е на штета на воспитно образовниот процес, на штета на учениците, на матурантите.

Затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата, изјави Тасевска.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК