Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Дали и штрајкот во пошта е партиски мотивиран? – го предводи донатор на ВМРО ДПМНЕ

Организаторот на штрајкот во Пошта, Боро Велигденов е донатор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа политички предзнак добива и овој штрајк кој се организира во последниот период.

Велигденов, кој е претседател на синдикатот во АД Пошта е симпатизер и активист на опозицската партија и донирал во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е само уште еден доказ дека протестите и штрајковите кои се организираат низ државава се политички мотивирани и координирани од опозицијата со цел правење притисок на Владата во период кога цел свет се соочува со кризи.

Директорот на Пошта, Јани Макрадули во јавни настапи неколку пати повтори дека се согласува оти платите во Пошта треба да се зголемат, но тоа да се прави преку анализи и преговори, а не штрајк.

Можеби ќе ве интересира

ОХРИД ДЕНЕСКА Е ЦЕНТАР НА БАЛКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА – Пристигнуваат лидерите од регионот

ДЕСК

ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА – УХМР најавува нови пообилни врнежи во Македонија

ДЕСК

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК