Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Дигитализацијата и исклучувањето на човечкиот фактор ќе дадат резултат во борбата против корупцијата

„Мора системот да преземе низа на мерки за да не се повторуваат случаите со користењето на лажни лиценци или работењето без лиценци. Системот треба да се консолидира, а тоа најдобро ќе се постигне со дигитализацијата и исклучувањето на човечкиот фактор“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека секаде во светот каде што има дигитализација и се намалува влијанието на човечкиот фактор, резултатите се забележителни.

„Треба да се гради систем кој е ефикасен во спречувањето и борбата со корупцијата, за да се преземаат брзи мерки и да бидат казнувани сторителите“ рече Спасовски.

Министерот рече дека МВР за 50 отсто ја зголеми ефикасноста, односно откривачката дејност против корупцијата и ги повика граѓаните да се охрабрат и да го пријавуваат секој оној кој бара мито, поткуп или се бави со корупција.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +