Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: МВР го стесни просторот на осомничениот и мораше да се предаде

„Првоосмничениот за убиството на ракометарот Тот, Анџело Ѓорѓиевски се предаде по опсежните мерки на тимот за потраги во Скопје. По преземените неколкучасовни активности на тимот за потраги, тој мораше да се предаде и беше пренесен во истражниот затвор во Скопје“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека не се точни информациите кои се појавија во јавноста дека не бил тука, дека излегол од државата.

„Се криел во објект во Скопје. Се покажа дека тој е тука и е изведен пред лицето на правдата. Министерството работи исклучиво врз база на аргументи, факти и докази“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека преземените чекори за брзото решавање на случајот покажуваат дека немало никаква намера да се скрие убиството, бидејќи МВР и ОЈО за помалку од 24 часа ги пронајдоа убијците.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК