22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Платите во образование зголемени од 3.200 до 6.400 денари

Вработените во образованието и во детската заштита и воспитание се базата за развој на општеството и квалитетен човечки потенцијал. Затоа еден од врвните приоритети на Владата е континуиран раст на платите на наставниците и воспитувачите и негователите, на кое работиме и ќе продолжиме да работиме.

Со конструктивен дијалог со синдикатите кои се наш силен партнер, платите на вработените во образованието и во детската заштита во периодот од 2017 до 2022 година се зголемени за 21%. Со последните зголемувања, наставник/чка во основно образование сега зема плата од 24.786 денари, плус минат труд, што е зголемување за 3.267 денари плус минат труд, за разлика од 2016 година кога неговата плата изнесувала 21.521 денар. Кај наставниците во средно образование платата сега изнесува 25.642 денари и е зголемена за 4.353 денари плус минат труд.

Изминатиот период од 2017 до 2022 година со воведувањето на новата методологија за пресметка беше постигнато најголемото зголемување на платите на вработените во градинките. Во 2017 година неговател/ка во градинка земаше 14.493 денари плата. Во 2022 просечно исплатена плата за месец февруари на неговател/ка е 19.560 денари плус минат труд. Разликата е 5.067 денари повеќе на сметката на овие вработени, плус додатокот за минат труд. Платата на воспитувач/ка во градинка во 2017 година изнесувала 19.200 денари, додека во 2022 година, 25.642 денари плус додатокот за минат труд. Зголемувањето овде е 6.442 денари, плус минатиот труд.

Растот за платите за вработените во образование и во градинките е во времето на оваа Влада и колективниот договор потпишан 2019 година во јуни. Дебатата за новиот колективен договор е шанса за трајно решавање на континуираниот раст на платите. Владата е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Заедно да најдеме модел за раст кој како со договорот за минималната плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Го охрабруваме синдикатот, кој покажа интерес за новиот пристап, да го продолжи дијалогот и да учествува и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите.

Барањата треба да бидат реални и да произлегуваат од чувството кое го налага моментот. Во услови на исклучителна светска економска криза која не заобиколи ниту една земја, па ниту нашата, Владата во заеднички дијалог со репрезентативните синдикати продолжува да обезбедува системски решенија со кои ќе го продолжи зголемувањето на платите за вработените во училиштата и градинките.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот

M T

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

M T

СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и инвестиции во образованието

M T