22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на Конференција во организација на ОБСЕ посветена на Еврејската заедница

Денеска, во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Голдстајн, претседателот на Еврејската заедница на Северна Македонија, Леви, и Координаторот во Европската комисија за борба против антисемитизмот, вон Шнурбајн, присуствуваше и се обрати на Конференцијата во организација на ОБСЕ, посветена на Еврејската заедница на Северна Македонија, а којашто е дел од проектот „Од зборови во дела“, што се очекува да предизвика конкретна акција на институциите на глобално ниво за справување со нетолеранцијата кон еврејската заедница.

Во своето воведно обраќање министерот Спасовски посочи дека, во својата суштина, антисемитизмот не се однесува на Евреите. Во фокусот на антисемитизмот се антисемитистите. И, тој главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси, а да се бара виновникот на некое друго место, што подалеку од нив самите.

„Сето ова го имавме предвид кога го креиравме концептот ‘Едно општество за сите’, поаѓајќи од фактот дека вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции. Во суштина, во таа способност да не доминирате со другите – лежи моќта на една заедница. Северна Македонија претставува пример дека ваквата политика и овие вредности, како наша верба и определба, можат да функционираат и на Балканот.”

Министерот Спасовски истакна дека и покрај ова, институциите се должни да бидат будни, особено при обликувањето на политиките за човековите права и слободи, за борба против антисемитизмот и расизмот, за глобална акција против говорот на омраза, но, и за брз, ефикасен одговор кон сите обиди за појава на каква и да е омраза – односно во состојба на една постојана превентивност во еден поширок меѓуинституционален аспект, кој што опфаќа низа општествени сегменти – образование, култура, социо-економски фактори и слично.

„Од страна на Министерството за внатрешни работи таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен. Но и сите останати институции во државата се широко отворени за иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции”, заврши министерот Спасовски истакнувајќи дека еврејската заедница овде, во Македонија, е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на нашето општество, како дел од овдешната култура, традиција и воспитание и ја сподели својата надеж дека заеднички ќе успееме да извојуваме уште една победа против предрасудите и омразата во светот денес, а за одново оживување на солидарноста, сочувството, толеранцијата и хуманоста, како највисоки идеали кон кои човештвото тежнее.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T