23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

150 новозаразени, 4 починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 23, Прилеп – 9, Охрид – 5, Куманово и Гостивар – по 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар – по 2, Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (150), регистрирани се 27 реинфекции.

Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола – 23, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Штип – 7, Струга и Гевгелија – по 5, Кочани и Делчево – по 4, Куманово, Велес, Кичево, Дебар и Виница – по 3, Гостивар, Берово и Валандово – по 2, Тетово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот 12-17.03.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.290 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–83, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-48, Биотек-105, Систина-45, лабораторија Лаор-55, Синлаб-9, Ремедика-27, Плодност-24, Генеа-8, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-23, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.222.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.111