Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Битиќи: СОНК се согласи дека мора да има шест месеци за усогласување со минималната плата, а сега штрајкува

Денеска започна голем штрајк во образованието. Штрајкот очигледно е започнат, а не им се даде шанса на преговорите од страна на СОНК од каде почнаа со штрајкот иако имаше апели да продолжат разговорите, вели за Утрински брифинг Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

-Во некои општини има настава. Поентата е да не се жртвува образованието на децата кои веќе две години беа лишени од воспитно-образовен процес. Ние возразните би требало да бидеме поразумни, вели Битиќи.

Битиќи вели дека ние како општество поминуваме низ процеси кои не се случувале порано, се дава шанса за разговори и преговори. Преговори не значат да се постави ултиматум, а така беше и со првиот состанок за минимална плата кога синдикатот излезе со барање и рече дека нема отстапување па тогаш зошто би преговарале, коментира Битиќи.

-Прво беше зголемување на минималната плата, второ беше усогласување на платите со минималната во рок од шест месеци и за тоа се согласи и СОНК кој сега штрајкува. На преговори се договоривме за тие шест месеци период и СОНК се согласи, а три дена по почнувањето на минималната плата СОНК прогласува штрајк, вели Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Најдобро чуваната шопинг тајна е откриена: Pepco доаѓа во Скопје овој јуни!

ДЕСК

Од деловен состанок до ноќно селфи: Како Galaxy S26 Ultra и новите Buds 4 стануваат новите урбани херои на Скопје

ДЕСК

Во февруари: Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 12,6% на вкупната кредитна поддршка

ДЕСК