Centar.mk
НАУКА

„Какво патување“, се првите зборови на астронаутите по слетувањето на Земјата

“Какво патување”, се првите зборови кои ги слушна Контролата на летот од екипажот на мисијата „Артемис 2“, по слетувањето на капсулата „Орион“ во Тихиот океан, недалеку од Сан Диего, САД.

„Стабилни сме, 4 зелени членови на екипажот“, потврди потоа Рид Вајзман. „Зелено“ значи дека се во „одлична“ состојба, објави „Мирор“.

„Совршено спуштање на целта“, извести Роб Навијас од Контролата на мисијата.

Командант Рид Вајзман, пилот Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен влегле во земјината атмосфера во 20:07 часот по источното време, патувајќи 32 пати побрзо од звукот – со огнено спуштање какво што не е видено од мисиите на „Аполо“ на Месечината во 1960-тите и 1970-тите.

Мисијата „Артемис 2“ официјално траеше 9 дена, 1 час, 31 минута и 35 секунди, покажуваат статистиките на НАСА./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американски научници: Паметните телефони го намалуваат бројот на деца

C +

НАСА објави планови за постојана база на Месечината до 2032 година

C +

Научниците предупредија за влошување на последиците од климатските промени во текот на претстојното лето

C +