16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: 29 години членство во ООН

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

Пред 29 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет. 🇲🇰

Во говорот во ОН, на овој ден, во 1993 година Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика.

Ако членството во ООН беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес одбележуваме 29 години полноправно членство во Обединетите нации 🇺🇳 како Република Северна Македонија, како држава членка на НАТО и земја која цврсто стои на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници.

Активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка, во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион.

Денес неуморно сме посветени на почетокот на преговорите со ЕУ, со кој ќе го оствариме нашиот стремеж, Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.

Спонзорирано: