Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Институциите успешно одбиваат сајбер напади, создадовме механизми за отпор

„Ние сме прогласени за земја непријател од Русија со што сме на мета на сајбер напади, но такви напади ние имаме откако почнавме со пристапниот процес во НАТО. Имаше многу напади, дури и во последниот месец“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека најважно е што државните институции изградија механизми кои ни создаваат отпорност од вакви напади и дека државата успешно ги гради капацитетите.

„Најголемиот предизвик во сајбер безбедноста се човечките ресурси, но ние имаме навистина добри експерти во делот на компјутерск икриминал и компјутерска форензика. Тие капацитети ги зголемуваме со подобрување на условите за работа“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека сајбер напади имало и за време на одржувањето на пописот, но МВР и Телеком успешно ги одбиле и ниту еден од тие напади не направил посериозен проблем и не уништил податоци.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК