22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА АЛЕРГИИ – Ублажете ги симптомите на поленската треска со неколку трикови

Сезоната на алергии започна, а придружена е со постојано кивање, течење на носот и печење, суви очи и чешање.

Иако повеќето луѓе сакаат зелени дрвја, зелена трева и цветни леи, поленот од растенија предизвикува голем број на алергиски реакции.

Според Allergy Ireland, околу 25 проценти од сите Европејци страдаат од некој облик на респираторна алергија, а се верува дека тоа ќе се зголеми на 50 проценти во следните десет години.

Оние кои боледуваат од поленска треска треба да имаат при рака антихистаминици и да го посетат својот општ лекар доколку им е многу тешко да го толерираат цветањето на природата, но во меѓувреме ова се неколку начини за ублажување на симптомите.

Сончева светлина и сино ведро небо? Сосема е природно да сакате да ги отворите прозорците. За жал, ова може да ослободи различни честички во вашиот дом, затоа обидете се да избегнувате отворање доцна наутро и доцна попладне, а исто така и во текот на ноќта, кога нападот на поленска треска е на својот врв.

Вазелинот е евтин и лесен за употреба кога имате суви усни, очни капаци или испукана кожа, а исто така може да ви помогне да го смирите и заштитите носот. Обидете се да го намачкате во секоја ноздра за да ја ублажите болката и да спречите поленот да влезе во ноздрите.

Ако очите ви протекуваат и не можете да престанете да кивате, истуширајте се со ладна вода. Ќе ви ги ублажи симптомите, а добро би било да ја измиете косата доколку сте поминале подолго време на отворено. Доколку туширањето во некои ситуации не ви е практично, ставете ладна крпа на лицето и легнете неколку минути.

Искористените кесички чај можат да помогнат во ублажување на отокот на очите. Искористените кесички чај ставете ги во фрижидер и користете ги како ладна облога за да го ублажите отокот и да го смирите чешањето на очите. Може да ви помогнат и парчиња краставица.

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T

Болести на денешницата: Ова се симптомите карактеристични за работниците денес

M T

Симптоми и третман: 3 вообичаени причини за труење со храна во лето

M T