Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

200 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК