Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Петровска: Преку договори со сојузниците од НАТО ја модернизираме Армијата

„Процесот на трансформација на одбраната и нејзина модернизација и вооружување се процеси кои ги предвидовме во стратешките документи и ги исполнуваме преку договори со владите на сојузниците“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во вестите на МТВ.

Таа додаде дека предвидено е етапно ослободување и заменување на оружјето и средствата кои ги имаме, а не се адекватни и компатибилни со НАТО стандардите.

„Планот за набавки се остварува преку договори со владите на земјите-членки на НАТО преку што се реализираат крупните проекти за модернизација. Таков договор имаме со САД за набавка на лесни оклопни возила и зајакнување на декларираните сили во НАТО“ рече Петровска.

Министерката додаде дека има проекти и за неборбени возила, логистичка опрема, информатичка опрема за зајакнување на сајбер безбедноста, артилериски средства и опрема за пешадиски и извиднички единици.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +