Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Петровска: Најголемите придобивки од НАТО се сигурноста и безбедноста, граѓаните мирно спијат

„Тоа што се потврди со нападот на Украина е дека мирот не ни е даден еднаш за секогаш, туку треба да го негуваме. Најголема придобивка од членството во НАТО се токму сигурноста и безбедноста“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во вестите на МТВ.

Таа додаде дека граѓаните може мирно да спијат и да се будат, знаејќи дека се дел од големото НАТО семејство.

Министерката Петровска исто така истакна дека ги поканила бизнис заедницата, стопанските комори и компаниите заедно да работат на воспоставениот Центар за поддршка на компаниите кои сакаат да настапат на НАТО пазарот.

„Она што ми е приоритет е овој Центар да им овозможи на компаниите пробив на НАТО пазарот, за и бизнис секторот во земјава директно да ги почувствува придобивките од членството во Алијансата“ рече Петровска.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК