Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Партиите кои повикуваа на бојкот за пописот работеа на штета на граѓаните

„Дел од луѓето во ВМРО-ДПМНЕ организираа тивок бојкот, но имаше и политичари и партии кои повикаа на јавен бојкот на пописот и сето тоа е на штета на граѓаните“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека најголема одговорност имаат партиите кои повикуваа на непопишување и кои не ги повикаа граѓаните да се попишуваат.

„Од оваа перспектива гледаме дека тие не добиле ништо, туку направиле само штета. Слична беше состојбата и со референдумот за промена на името, кога сакаа да прикажат некаков триумфализам. Но и денес и тогаш реалноста е иста – таквото политичко делување е на штета на граѓаните“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ истакна дека со моментите во кои се влева сомнеж околу пописот и етникумите на граѓаните се обиди за нарушување на концептот на едно општество за сите.

Можеби ќе ве интересира

ИК на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе кадровски решенија

ДЕСК

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +