Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ си игра со чувствата на граѓаните и ја руши довербата во институциите

„ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе спроведеле нов попис кога ќе дојдат на власт, за шест-седум години од сега. Но кој ќе го спроведе тој попис? Институциите и истите луѓе кои сега го спроведоа пописот. Немојте да си играте со чувствата на граѓаните и да влевате доза на недоверба“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во дебатата со неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „24 анализа“ на ТВ24.

Каевски додаде дека пописот е спроведен во тешки околности, во кризи, во здравствена пандемија и покрај тоа тој беше успешно спроведен.

„Секој може да има одредени приблешеки за пописот, но дали се издржани или не треба да се искомуницираат со институциите. Сите ваши забелешки вечерва беа аргументирано побиени од директорот на Државниот завод за статистика. Треба да сме внимателни со изјавите, особено за етничката припадност на граѓаните“ рече Каевски во дебатата.

Пратеникот од СДСМ истакна дека со моментите во кои се влева сомнеж околу пописот и етникумите на граѓаните се обиди за нарушување на концептот на едно општество за сите.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пензионерите, работниците и младите се излажани и оставени сами во криза

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Филипче: Скандал од невидени размери е Мицкоски да му дава насоки на обвинителот

ДЕСК