Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Каевски: Да немаме сомнеж во пописот, туку да ја сфатиме пораката и да делуваме

„Политичките чинители и политичките партии треба да ја сфатат пораката од пописот, од бројките што треба да ги видат сите институции и врз база на тие бројки да делуваат и креираат политики“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека жално е што одредени политички партии ставаат сомнеж на целата операција на пописот.

„Секогаш ќе постои одредена партија или група која има сомнежи и тие имаат право на тоа, но да ја оставиме работата на стручњаците. Фактите да ги ставиме на маса, дека пописот е операција што беше спроведена врз база на сите стандарди“ рече Каевски.

Тој додаде дека потребно е политичарите пописот да го гледаат како статистика и да ги користат тие бројки за креирање на нови, идни политики.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК