Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Расчистено разбојништво во Пробиштип, приведено едно лице, пронајдени одземените пари

На 01.04.2022 во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип – СВР Штип го лишиле од слобода Д.С.(19) од Пробиштип. Тој се сомничи дека на 31.03.2022 во 20.44 часот во маркет на ул.„Македонски Револуционери“ во Пробиштип со закана кон вработената одзел пари од прометот и од сефот. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

C +

Инвертер клими за ранливи домаќинства — објавен јавен повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

C +