11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Бојкотот на пописот направи лоша услуга, пред се на Македонците

„Пописот се спроведуваше во време на пандмија, каде што дел од граѓаните не можеа да отворат врата, дел беа на полињата за работа, а имаше и активна кампања за бојкот од Левица, но и скриен бојкот кој направи лоша услуга, пред се на Македонците во попишувањето“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на АлсатМ.

Тој додаде дека не може луѓето кои го креираа тој проблем, сега да излегуваат со критики, откако токму тие своите симпатизери ги тераа да не се попишуваат.

„Морам да изразам задоволство што по 20 години конечно државата спроведе успешен попис. Бевме една од трите земји во светот што немавме попис. Сега го спроведивме според методологија одобрена од Евростат и беше пофален од претставникот на ЕУ за користењето на најсовремена техника“ изјави Ковачевски.

Тој додаде дека пописот откри намалување на бројот на жители, поради што сите планови и пресметки ќе треба да се ревидираат и повика на отворање на дебата за креирање на политики за човечки капитал, поддршка на иновации и инвестиции за младите да останат тука.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.