Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Германија ја предупреди јавноста за можна вонредна состојба во снабдувањето со гас

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек најави дека во таа земја ќе биде во сила нивото на рано предупредување за испорака на гас, бидејќи Москва сè уште бара плаќање во рубли.

Овој потег е прв од трите нивоа на предупредување и вклучува создавање на кризен тим кој ќе се справи со тензичната ситуација во снабдувањето со гас. Германското складиште за гас во моментов е исполнето со околу 25 отсто од капацитетот, рече Хабек.

„Во моментот нема недостиг во понудата. Сепак, мора да ги зголемиме мерките на претпазливост за да бидеме подготвени во случај на ескалација од страна на Русија“, објасни Хабек.

Министерот за економија ги повика компаниите и поединците да се обидат што повеќе да ја намалат потрошувачката на енергија, бидејќи Германија се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин објави дека неговата земја ќе испорачува гас на Германија и другите „непријателски држави“ само доколку тие плаќаат во рубли, со цел да ја поддржи валутата која ослабе поради западните санкции.

Оваа најава на Германија, е најјасен знак досега дека Европската унија се подготвува да го прекине снабдувањето со енергенси од Русија.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК

Маск може да заработи билион долари ако „Тесла“ ги исполни целите

C +

Николоски: Градскиот воз станува реалност. Отпочна изградбата на првата линија од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода до Нова железничка станица

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.