20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Ристова: Почнува исплатата на мартовската пензија со дополнителни 1.000 денари

Денеска започнува етапната исплата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери, информира Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

„Покрај пензијата секој пензионер, на своја сметка ќе добие дополнителни 1.000 денари како поддршка за полесно справување со последиците од кризата. Финансиската поддршка од по 1.000 денари за секој пензионер, ќе следува и за месеците април и мај. Во септември, по усвојувањето на новата методологија за усогласување на пензиите и стабилизирањето на пензискиот фонд, следува историски највисоко покачување на пензиите“, нагласи Ристова.

Според неа, во текот на изминатите четири и пол години просечната пензија била зголемена за над 2.000 денари, а пензиите, како што рече, се исплаќаат редовно и навремено.

„На дело ја покажуваме грижата за пензионерите, за сите граѓани и за компаниите. Показател за тоа е и фактот што растат и платите, веќе од први април минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари изнесува безмалку 30.000 денари, односно 29.980 денари. И во време на криза преземаме ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и за ликвидноста на компаниите“, рече Ристова.

Нагласи дека редовно и внимателно се следи состојбата и доколку е потребно подготвени се да преземат дополнителни мерки во интерес на граѓаните и на домашната економија.