Centar.mk
СВЕТ

ЕУ ДОГОВОРИ БУЏЕТ ОД РЕЧИСИ 200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Познати се финансиските приоритети

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент постигнаа договор за годишниот буџет за 2027 година. Според официјалното соопштение на Советот, вкупните обврски за финансирање изнесуваат 199,7 милијарди евра, додека планираните плаќања достигнуваат 211,5 милијарди евра. Ова е последниот годишен буџет во рамките на сегашната повеќегодишна финансиска рамка на Унијата.

Средствата се предвидени за економска конкурентност, кохезија, природни ресурси, безбедност, одбрана, гранично управување и надворешни активности. Во договорот е оставен и финансиски простор за реагирање на непредвидени потреби, со оглед на меѓународните кризи и економските предизвици.

Постигнатата согласност сè уште треба формално да биде потврдена од европските институции. Советот очекува да го одобри договорот на 23 ноември, по што ќе следува спроведувањето на предвидените буџетски процедури.

Можеби ќе ве интересира

ПРВ ПОРАЗ ЗА НЕТАНЈАХУ ВО НОВИОТ ПАРЛАМЕНТ – Опозицијата и арапските партии обезбедија мнозинство

ДЕСК

ПОРТУГАЛИЈА ГИ ЗАТВОРИ СИТЕ УЧИЛИШТА – Голема мобилизација поради бурата Чарлс

ДЕСК

НАД 770 УЧИЛИШТА ДОБИЛЕ ЗАКАНИ ЗА БОМБИ – Голема полициска истрага во Британија

ДЕСК