Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Битиќи: Рокот за усогласување на платите согласно минималната е шест месеци

„Никој не бега од усогласувањето на платите во јавниот сектор, ниту еден функционер на Владата не кажува дек атоа нема да се направи. Усогласувањето ќе оди според членот 8 кој дава рок од шест месеци за усогласување“ рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во дебатата со синдикатите во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека по постигнувањето на договорот за минимална плата, започна војната во Украина што ги влоши економската и енергетската криза, поради што се потребни прилагодувања, но дека никој не бега од усогоасувањето на платите.

„Зачудувачки се повиците за штрајк за нас, бидејќи само пред месец и пол се договоривме и донесовме одлука дека дијалогот ќе продолжи. Ако ни била заедничка констатацијата во членот 8а дека има рок од шест месеци за усогласувањето, тогаш да го испочитуваме тоа“ рече Битиќи.

Вицепремиерот ги повика синдикатите наместо со штрајкови на улица, да седнат на маса и да преговараат за моделот за усогласување со ресорните министерства.

Можеби ќе ве интересира

Економската цена на војната: граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

C +

ЕВН Македонија со волонтерска акција за почист Вардар

C +

Денови на детска кариера во Diamond Mall – архитект, инженер, уметник, форензичар, пчелар, лекар и флорист – професиите на возрасните поблиску до децата 

C +