Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски: Ако е точно, згрозен сум за „Плацеви на Водно“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за случајот „Плацеви на Водно“ кажа дека е згрозен, ако се точни тврдењата на сведоците, и дека би сакал да го чуе мислењето на екс лидерот на партијата, Никола Груевски кој е во Будимпешта.

Мицкоски во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека ниту тој, ниту неговата партија се поврани со тој случај.

„Вчера беше актуелно Плацеви на Водно. Во тој случај ниту јас, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сме поврзани, и тоа е добро. Затоа што ние сме народна партија и стожери на интересот на народот. Ги читав сведочењата, и ако е тоа точно, навистина жалам и сум згрозен. И жалам што не е тука Груевски да го слушнеме неговото мислење за тоа што го изнесоа“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека во последните пет години не бил во никаков контакт со поранешниот лидер Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК