По трагичната смрт на 17-годишната девојка во Богданци, граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе!“ најави протестен собир вечерва во Богданци, како и нов протест во недела во Скопје.
Организаторите бараат целосна и транспарентна истрага, утврдување на евентуалните институционални пропусти и поголема одговорност во постапувањето со случаи на насилство врз жените. Меѓу барањата се и законски измени за зајакнување на заштитата од семејно и родово базирано насилство.
Собирот во Богданци е најавен за 19 часот во Градскиот парк. Организаторите нагласуваат дека протестите имаат граѓански карактер и не се наменети за партиска промоција.


