Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

154 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за управување под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК