13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

ВИ ТРЕБА ПРОМЕНА – Со доаѓањето на пролетта добро е да ги направите овие две работи

Пролетта е идеално време за промени, за чистење на домот од излишни работи, но и за расчистување на умот од лошите мисли и стресот.

Со воведување ред во животот и поврзување со природата и луѓето околу вас, создавате пат кон посреќен и попозитивен живот. Дефинитивно треба да ги направите овие две работи.

Уредете ја градината
Размислете колку сте среќни и благодарни за парчето земја што го имате до вашата куќа. Искористете го ова и засадете нови растенија, без разлика дали се само украсни или за подготовка на оброци. Со грижата за растенијата, вие всушност се поврзувате со земјата и ги чистите вашите мисли од лошата енергија.

Доколку немате градина затоа што живеете во стан, направете мала зелена оаза на балконот или во добро осветлен дел од куќата. Важно е да сте опкружени со растенија за кои редовно се грижите.

Донирајте вишок работи
Еден од најдобрите начини да се справите со насобраните работи во домот кои всушност ве задушуваат е да ги дадете на некој кому му требаат. Вклучете се на работа и темелно проверете ја целата куќа, сите кабинети и фиоки. Одделете ги работите кои се долго време со вас, бидејќи ги чувате под изговор „можеби ви требаат“.

Вишокот облека, обувки, кујнски прибор, мебел, ќебиња, играчки, храна… некому добро ќе му дојде, особено во денешно време кога многу луѓе едвај врзуваат крај со крај.

Прашајте кои здруженија им помагаат на таквите луѓе или погледнете поблиску околу вас, можно е некој на кој му требаат овие работи да живее многу блиску до вас.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ова се трите хороскопски знаци кои најмногу ќе се променат во текот на 2022 година

M T

Зајакнување на имунитетот: Овие 5 намирници треба да ги јадете до пролет

M T

Голема промена: Од ноември WhatsApp ќе престане да работи на 43 модели на мобилни телефони

M T

Следува драстична промена на времето – УХМР со најнови податоци

CENTAR MKD