15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ троши 1,2 милиони за партиски вработувања

СДСМ преку Владата што ја предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и одговорно штеди, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесуваат со парите на граѓаните, соопштија од СДСМ.

„ Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра во насока на заштита на стандардот на граѓаните и помош на компаниите да ја задржат својата ликвидност и конкурентност веќе дава реални и видливи резултати, како и сите претходни владини мерки.

Но, кризата како да не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Само пет скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба ќе потрошат над 1,2 милиони евра за вдомување партиски кадри.

Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза. Истите тие градоначалници бараат пари од Владата и се закануваат со радикализација. Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со 1,2 милиони може да се реализираат важни проекти, може да им се помогне на граѓаните во време на криза, на јавните претпријатија.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ очигледно им е најважна партизацијата на општините, отколку потребите на граѓаните. Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија останува симбол на криминал и расипништво, партија која не работи за добробит на граѓаните, ниту за напредок на општините“ се додава во соопштението на владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК