Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Косово запленети два тона македонски мед, возачот на комбето побегнал во планина

Денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленети биле 2.000 килограми мед, кои со возило комбе биле илегално внесени во Косво од македонска територија, објави косовската полиција.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција го забележала сомнителното комбе во селото Дебелде, во близина на градот Витина.

Комбето било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на царинските служби на Косово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Кој стои зад Алта банка: криминал, корупција и пари од дрога

ДЕСК

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

ДЕСК

„Кој ја кодира иднината?“: Панел-дискусија за девојките и жените во СТЕМ

ДЕСК