Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Лукаревска: Мерките се за да го одржат животниот стандард на граѓаните, а не некој да прави профит на нивен грб

„Потребно е развивање на средствата. Мерките кои ги донесе Владата се за да го одржат животниот стандард на граѓаните, а не некој да прави профит на нивниот грб“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека инспекторите од Управата за јавни приходи се на терен со цел да проверат дали даночните обврзници се обидуваат да го изиграат системот, а со тоа и граѓаните.

„Каде што утврдивме на терен дека се уште се пресметува ДДВ на производите на кои не смее, за кои важи 0 отсто беа изречени глоби и тие недоследности беа надминати“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП потенцираше дека доколку има потреба и кај големите маркети, но и кај сите останати ќе се изврши и повторна проверка.

Можеби ќе ве интересира

Трамп потпиша указ за нови царини од 10 проценти на глобално ниво

C +

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

C +

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

C +