12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Лукаревска: Казната за правно лице е 1000 евра, но доколку се повтори неправилноста следува и затворање

„За самостоен вршител на дејност глобата е 500 евра, додека за правно лице е 1000 евра за утврдени неправилности и непочитување на мерките. При првото констатирање на прекршок има парична глоба, а при следните има и забрана за вршење на дејност“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека кај правните лица, освен казна за деловниот субјект пропишана е и глоба за одговорното лице, која е помала.

Директорката на УЈП повика деловните субјекти да не прават профит на грбот на граѓаните, туку да ги почитуваат мерките кои се наменети за заштита на животниот стандард.

„Некој се труди да ги избегне законските обврски. Наша обврска е да го заштитиме буџетот и да овозможиме законито работење на сите даночни обврзници. Токму затоа нашите инспектори се на терен“ рече Лукаревска.