18.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ориѓански: Северна Македонија и Албанија одат заеднички пат, но мора подобрро да се знаеме и помагаме

„Долго време, релациите меѓу Северна Македонија и Албанија беа некако замрзнати и оптоварени со предрасуди, наследени од југословенско-албанските времиња. Денес имаме нов момент. Двете земји чекорат по заеднички пат, двете земји се членки на НАТО и чекаат пред вратите на Европа. Ние мора да се запознаеме и да си помогнеме. Овој процес бара време и работа. Полека, но сигурно, започнавме вистински да соработуваме“ рече Златко Ориѓански директор на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека неговата работа во Тирана е дипломатска и дека всушност гради своевиден културолошки мост, чиј резултати допрва ќе се осветлат и видат.

„Секое отворање едни спрема други носи добро за луѓето во секоја смисла, вклучително и во културна. На тој начин се запознаваме, гледаме дека ние, сами по себе, ја содржиме Европа и нејзините вредности, патем, даваме и една боја која е непозната и нова. Пред десет години, беше незамисливо дека дел од балканските граници ќе ги поминуваме со лични карти или дека ќе имаме заедничко гранично управување“ рече Ориѓански.

Тој изјави дека отворањето на земјите ќе овозможи побрзо пренесување на производите, запознавање на менталитетот, вкусовите, музиката, сликарството, театрите, литературата, спортот.