Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАТОП ВЕСТИ

Кулеба објави фотографија од уништениот град: Нечовечко руско воено злосторство

Украинскиот министер за надворешни работи објави на Твитер фотографија од разурнатиот Мариупол, со фокус на театарот уништен во рускиот напад.

Заедно со фотографијата напиша: „Ова се урнатините на драмскиот театар во Мариупол, каде се криеја стотици цивили. Нехумано руско воено злосторство“.

– Сакам да ги прашам мултинационални компании кои сè уште работат со Русија или во Русија: Како можете да работите со нив? Како можете да ги храните, да им служите и да им плаќате на оние што го направиле ова, праша Дмитро Кулеба.

Мариупол со денови ги преживува нападите од руските сили. Падот на овој украински град, според бројни анализи, би значел голем напредок за Русите, кои на тој начин би го поврзале Крим со териториите кои ги држат руските сепаратисти.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски побара од Коалицијата на подготвените оружје со долг дострел

ДЕСК

Путин вели дека одговорот на Москва на потенцијалните напади со ракети „Томахавк“ врз руска територија би бил „жесток“

ДЕСК

Зеленски: Повеќе од 300 руски беспилотни летала и 37 ракети ги таргетираа енергетскиот сектор и цивилната инфраструктура

ДЕСК