Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и цела година го блокира Законот за служба во Армијата

Соопштение на СДСМ:

Преку нецелосни информации ВМРО-ДПМНЕ во очај се обидува да фрли дамка врз работата на Министерството за одбрана и Армијата.

Во време на хибридна војна намерното ширење дезинформации со цел да се наруши угледот на Министерството е неодговорно и антидржавничко однесување.

Цела година ВМРО-ДПМНЕ со илјадници амандмани го блокира Законот за служба во Армијата а денеска шири невистини, ете колку се грижат за припадниците на Армијата.

За разлика од нивното владеење кога војниците беа манипулирани и потценувани, денес постојано се инвестира во повисоки плати, во нова опрема и подобри услови за работа на војниците, а нашата Армија е респектирана и рамноправна со армиите на земјите членки на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК