Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Министерство за одбрана за соопштението на ДПМНЕ: Во време на хибридна војна и ширење намерни дезинформации кои имаат за цел да го намалат угледот на Министерството за одбрана и Армијата

Во врска со обидите на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ да претстави наводен скандал, ја известуваме јавноста дека од 17. Јануари 2022 до 17.март 2022 во мисија се упатени вкупно 33 припадници на Армијата и ниту еден од нив не е вратен. Сите упатени припадници ги исполнуваат условите да бидат упатени во мисија, велат од Министерството за Одбрана.

– Во време на хибридна војна и ширење намерни дезинформации кои имаат за цел да го намалат угледот на Министерството за одбрана и Армијата, ги повикуваме сите општествени чинители да ги проверат фактите и да внимаваат за точноста на информациите добиени од нивните соработници, велат од МО.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +