Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Маричиќ и Велиај во Тирана: Во нашиот регион надвладеаа мирот и разбирањето (ФОТО)

Вицепремиерот Бојан Маричиќ кој денеска е во Тирана се сретна со градоначалникот на Тирана.

Маричиќ на социјалните мрежи соопшти дека со Ерион Велиај се знае и соработува уште од 2001 година, кога во сѐ уште неизвесните околности на Западен Балкан, во граѓанскиот сектор развивале младински програми за критичко мислење, за дебата и за меѓусебно разбирање преку дискусија, а не преку насилство.

Маричиќ на фејсбук соопшти дека Велаиј во улога на градоначалник на Тирана му бил домаќин на работната вечера во рамки на иницијативата “Дијалози за Балканот” на која се потсетивме на нашите ангажмани како граѓански активисти.

– Денес, од временска дистанца од 20 години од тогаш, заеднички потврдуваме дека во нашиот регион надвладеаа мирот и стабилноста, толеранцијата и разбирањето. Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни, една од нив е заедничкиот стремеж за членство во Европската Унија, а друга е соработката во иницијативата Отворен Балкан, заедно со Србија, соопшти Маричиќ.

– Македонците и Албанците се блиски соседи и сограѓани кои одлучија да го водат регионот напред кон јасна и предвидлива европска иднина, дециден е вицепремиерот Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК