Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Синоќа во 11.50 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.О.(43) од Скопје.

Тој се сомничи дека неколку минути претходно со употреба на сила одзел златен накит од Н.А.(49) од Скопје.

Исто така, тој се сомничи дека на 02.03.2022 на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје извршил тешка кражба на дрзок начин над В.Д. од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица,а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Јавни расправи на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор, вели владеачката партија

ДЕСК