17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Среде криза 100.000 евра за партиски вработувања во Кисела Вода

Во време на криза, кога општината Кисела Вода се жалеше дека нема пари за струја и парно, за помош на граѓаните, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски немилосрдно ќе потроши 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на блиски лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ и медиумски гласници на партијата, соопшти СДСМ.

„ За општина како Кисела Вода, 100.000 евра се сериозна сума на пари со кои може да им се помогне на граѓаните, сега кога им е најпотребно во време на огромна криза. Наместо да ги троши парите на непродуктивни трошоци и партизација и да аздисува, градоначалникот Ѓорѓиевски да ги пренасочи за општината и за граѓаните.

Граѓаните на Кисела Вода не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на општината. Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше“ се вели во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T

СДСМ: Мерки против глобалната криза, државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

M T