Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци фатени на дело

На 13.03.2022 од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај биле лишени од слобода Ј.И.(20) и Ф.И.(23), двајцата од с.Глумово, скопско.

Во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување на две кривични дела тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на с.Горна Матка. Тие биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК