13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАБИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Од полноќ, милиони Руси останаа без Инстаграм

Во неделата откако Кремљ го блокираше Фејсбук, стотици илјади Руси се обидоа да ја заобиколат забраната користејќи виртуелна приватна мрежа.

На корисниците на Инстаграм во Русија им беше кажано дека услугата ќе престане да работи од полноќ.

Е-пошта од државниот регулатор за комуникации ги советува корисниците да ги преместат своите фотографии и видеа од Инстаграм пред да се затвори, додавајќи дека можат да се префрлат на сопствените „конкурентни интернет платформи“ на Русија.

Минатиот петок, на 4 март, Русија го забрани пристапот до Фејсбук и Твитер од своја територија, а потоа го забрани пристапот до YouTube.

Во неделата откако Кремљ го блокираше Фејсбук, стотици илјади Руси се обидоа да ја заобиколат забраната користејќи виртуелна приватна мрежа.

VPN создава шифрирана врска помеѓу вашиот уред и оддалечен сервер, која може да биде насекаде во светот, така што теоретски можете да пристапите до страниците блокирани во вашата земја.

Во текот на изминатата недела, VPN беа многу барани во Русија. Пребарувањата на Интернет за VPN услуги во земјата речиси двојно се зголемија меѓу 4 и 10 март во споредба со претходната недела, според Top10VPN, британска компанија која ги прегледува и препорачува приватните мрежни услуги. Само на 5 март имало најмалку 260.000 пребарувања, ден по забраната на Фејсбук.

Русија исто така се соочува со бојкот на филмската и телевизиската индустрија. На пример, Нетфликс моментално ги стопираше сите телевизиски проекти поврзани со Русија.

Спонзорирано: