14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Ма, ЌЕ НЕ ЗАПАМТИ ТОЈ НАС!”Ја изневерил сопругата, а неговите родители со една ОДЛУКА го скарале Интернетот

Семејна драма предизвикана од нејзиниот син, една мајка мораше да ја сподели со сите и, судејќи по коментарите кои ги доби, постапи правилно иако се одлучи на шокантен потег.

Имено, нејзиниот син (24) ја изневерил сега веќе поранешната сопруга само неколку месеци откако добиле дете.

Покрај тоа, наместо да биде со сопругата во првите денови по раѓањето на детето, овој млад човек отишол на патување со својата љубовница.

Откако дознале се, родителите го соочиле синот со тоа што го направил, но направиле и еден потег кој ги шокирал сите, позитивно. Го тргнаа од тестаментот и се што дотогаш имаа намера да му остават го наменија за снаата и детето.

Таа напиша дека се шокирани од неговото однесување бидејќи не го воспитале во тој правец, а нивната снаа е премногу драга само да ја пуштат и да и дозволат да страда.

Се разбира, не помина сè како што треба. Кога синот слушнал што направиле, настанала голема кавга која дополнително ги отуѓила сите.

Мајката во својата објава на „Редит“ признава и дека по овој потег добила многу негативни коментари од околината.

Пријателите и другите роднини сметаат дека иако направил недозволива работа, младиот човек сепак е нивен син и треба да му простат.

– Не беше лесно да се помине низ вакво нешто и свесна сум дека тоа е мојот син, но тој навистина постапи ужасно и им наштети на девојката и неговото дете – заклучила мајката.

Можеби ќе ве интересира

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Маж во Швајцарија си ја убил сопругата, го ранил зетот па се самоубил

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Србин ја избол сопругата со нож

M T

СОВЕТ ЗА РОДИТЕЛИ – Бојата на костимот за капење може да го спаси ЖИВОТОТ на вашето дете

M T

Сопругата на командантот на Азов: Звучеше како да се збогува со мене

M T