Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

171 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 49 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК