Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

135 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 14 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК