Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: По којзнае кој пат се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружување.

По којзнае кој пат се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружување, се вели во соопштението на СДСМ.

– Денешните признанија на обвинетите во судскиот случај „Дизајн“ потврдуваат дека набавката на кинеските автобуси вредна 5 милиони евра, е незаконска, на штета на Градот Скопје и на штета на граѓаните.

Иста таква набавка најавува и Христијан Мицкоски – без надлежности, без утврдени услови и критериуми, во име на Данела Арсовска преговара за набавка на нови автобуси.

Денешните признанија треба да бидат дополнителен мотив, надлежните институции да постапат, да ги истражат сите наоди и да спречат нова криминална набавка на штета на граѓаните, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК