Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Петровска: Стабилноста на Балканот е важна и за државите од регионот и за Европа

„Со мојот косовски колега се согласивме дека стабилноста на регионот е од значење за сите држави, но и за останатите држави во Европа“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска на ТВ21.

Таа додаде дека со самиот процес на интеграција на земјите од Западниот Балкан се гарантира дека тие се на сигурна страна и дека ќе бидат водени од процесите.

„Нема причина за разгорување на дополнителни страсти и негативни влијанија. Такви влијанија има и постојат, но земјите се фокусирани на задачите за интеграција“ рече Петровска.

Таа додаде дека Северна Македонија е посветена на решавање на отворените прашања со Република Бугарија и рече дека верува оти евроинтегративниот процес на земјава треба да биде отклучен

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК