Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари

Во објава на социјалните мрежи, премиерот Димитар Ковачевски утрово порача сите функционери, сите оние кои работат и се платени од страна на граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари.

„Сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари. Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме“, потенцира премиерот Ковачевски во објавата на социјалните мрежи.
Премиерот Ковачевски во својата објава истакнува дека живееме во време на огромна светска економска криза, но дека со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Ги насочуваме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет во моментов е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност, порача на социјалните мрежи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +