Centar.mk
БИЗНИСвестИЗБОРТЕМА

Ковачевски: Се укинува ДДВ за основните прехранбени продукти, го штитиме стандардот

Владата донесе 26 мерки и препораки, поделени до две категории: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Владата одлучи да го укине ДДВ за основните производи за човечка исхрана: леб, шеќер, брашно, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Исто така се замрзнуваат маржите на основните производи за исхрана, со што се спречува создавањето на наднормален профит.

Исто така, најранливите категории на граѓани ќе добијат субвенции, односно ваучери за основните производи на исхраната. Околу 35 илјади граѓани ќе добијат ваучери од 1000 денари месечни за период од три месеци, кои ќе може да се искористат за купување на основните продукти.

Со цел обебедување на доволни количини од сите потребни продукти, Владата ги укинува и царинските давачки за увоз на основни прехранбени продукти.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

ДЕСК

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК