Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОРвест

Ковачевски: Донесовме пакет од 26 мерки тешки 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните

„Владата на Република Северна Македонија покажува одговорен пристап и стабилно менаџирање на кризите. Сите мерки и препораки ги носиме преку сериозни и детални анализи во широк консултативен процес и дијалог, каде мислењата и предлозите од сите засегнати страни се земаат предвид“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која ги претставуваше мерките за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите.

Тој додаде дека и сега бил одржан Економски совет на кој учествуваа претставници од академијата, гувернерката на Централната банка, претставници на стопанските коморите, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и останати експерти од економскиот и финансискиот сектор.

„Усвоивме пакет од вкупно 26 мерки и препораки поделени во две категории: мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за Финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека влијанието врз нашите животи, животниот стандард и економијата на глобалната економска криза се големи, но дека заеднички ќе ги пребродиме.

„Животниот стандард, квалитетот на живот ни е приоритет. Стратегијата која ја поставивме и која и е преточена сега во овие 26 мерки и препораки, е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Спречуваме сериозен ценовен шок, и на основните прехранбени производи и на енергенсите“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК